Мерил Стрип вели дека двата случаи во нејзиниот живот кога се справила со насилство, биле толку длабоки што ја промениле на „клеточно ниво“.
Овие коментари Мерил ги кажа за време на доделувањето на 27-те Меѓународни награди за слобода на новинарство, кое што се оддржа во Њујорк. Оскаровката ѝ кажа на публиката дека „знае нешто за вистинскиот терор“.
Таа раскажа за два инциденти. Во еден, во кој била нападната, глумела дека е мртва и чекала ударите да престанат.
Таа потоа опиша друг инцидент, кога некој друг бил злоставуван. Стрип рече дека во тој случај комплетно полудела и го бркала човекот. Ова го кажа откако рече дека овие искуства комплетно ја промениле.
Стрип не даде повеќе детали, освен дека Шер била сведок на вториот инцидент.