„ГНИЕЊЕ НА МОЗОКОТ“ Е ЗБОРОТ НА ГОДИНАТА НА ОКСФОРД, ОЗНАЧУВА ПРЕКУМЕРНО ГЛЕДАЊЕ ВИДЕА НА ИНСТАГРАМ И ТИКТОК

    „ГНИЕЊЕ НА МОЗОКОТ“ Е ЗБОРОТ НА ГОДИНАТА НА ОКСФОРД, ОЗНАЧУВА ПРЕКУМЕРНО ГЛЕДАЊЕ ВИДЕА НА ИНСТАГРАМ И ТИКТОКЗборот се користи како начин да се опише содржина со низок квалитет и ниска вредност пронајдена на социјалните медиуми (Фото: Гети)

    Дали трошите часови во бесмисленото скролање на видеа и објави на Инстаграм и ТикТок? Ако го правите тоа, можеби страдате од гниење на мозокот (brain rot), што Оксфорд го прогласи за фраза/збор на годината.

    Тоа е термин што ја доловува загриженоста за влијанието на претераното консумирање интернетски содржини со низок квалитет, особено на социјалните мрежи. Користењето на вакви содржини се зголемило за 230% во 2023 и 2024.

    Ендрју Пшибилски, психолог и професор на Универзитетот Оксфорд, кажа дека популарноста на овој збор е симптом на времето во кое што живееме.

    Гниење на мозокот се дефинира како влошување на менталната или интелектуалната состојба на една личност, особено како резултат на прекумерна потрошувачка на материјал кој се смета за тривијален или непредизвикувачки. Првата забележана употреба на овој термин датира многу пред појавата на интернетот и била запишана во 1854 од Хенри Дејвид Торо во неговата книга „Walden“, каде што ја критикува тенденцијата на општеството да ги девалвира сложените идеи.

    Зборот сега се користи како начин да се опише содржина со низок квалитет и ниска вредност пронајдена на социјалните медиуми.

    Нема докази дека гниење на мозокот навистина се случува“, вели Пшибилски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира