ГО КАЗНИЛЕ ОТИ СО МАСКА НА АЈКУЛА ГО ПРЕКРШИЛ АВСТРИСКИОТ ЗАКОН ПРОТИВ БУРКИ

    ГО КАЗНИЛЕ ОТИ СО МАСКА НА АЈКУЛА ГО ПРЕКРШИЛ АВСТРИСКИОТ ЗАКОН ПРОТИВ БУРКИВо Австрија веќе не е лесно да се биде и маскота (Фото: Фејсбук)

    Новиот австриски закон што забранува секаков начин на целосно покривање лице, вклучувајќи ја и бурката, зеде необична жртва – маж во костим на ајкула.

    Полицијата му напишала казна на мажот, откако тој неколку пати ја одбил нејзината наредба да ја тргне маската на ајкула од својата глава. Тој бил дел од рекламната кампања на синџирот продавници за компјутери „Мекшарк“.

    „Денеска бевме на отворањето на новата продавница на ‘Мекшарк‘ и нивната маскота доби казна од виенската полиција. Животот не е едноставен“, објави рекламната агенција „Варда“ на својата Фејсбук страница.

    Контроверзниот закон стапи на сила овој месец и предвидува казни за сите кои носат целосно покриено лице во јавност, вклучувајќи маски за скијање надвор од скијачките терени, хируршки маски надвор од болниците, како и разни забавни маски на отворено.

    Прекршувањето на овој закон се казнува со 150 евра, но досега се изречени малку казни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира