ГОЛ ПИВАР РАСТУРА СО „ЕРОТСКО ПИВО“ ВО ГЕРМАНИЈА

    ГОЛ ПИВАР РАСТУРА СО „ЕРОТСКО ПИВО“ ВО ГЕРМАНИЈА„Еротското“ пиво се рекламира и како афродизијак

    Баварскиот пивар Јирген Хоф вели дека тајната на неговото „еротско пиво“, што го продава низ целиот свет, е во тоа што е практично гол кога го прави.

    Носејќи само шешир, гумени чизми и кратка престилка, тој тврди дека пивото што го произведува во северниот германски регион Горна Франконија е афродизијак.

    Јирген Хоф носи само шешир, гумени чизми и кратка престилка кога го прави пивото (Фото: ДПА)

    Шеесет и едногодишниот Хоф постојано ги информира туристите кои доаѓаат во неговата визба за позитивните ефекти на „еротското пиво“, за кое тврди дека зголемува потенција и плодност.

    Оваа необична приказна почнала во неговиот паб во 2002 година, кога од пријатели бил предизвикан да направи еротско пиво за потребите на еден панаѓур.

    Хоф се изненадил колку популарно станало неговото пиво, препознатливо и по провокативната етикета со гола жена.

    Никој не можеше да предвиди дека ‘еротското пиво‘ ќе стане толкав хит. Луѓето буквално почнаа да се грабат за него, што ме охрабри да почнам вистински бизнис“, вели Хоф.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира