ГРЦИЈА ГО ОТВОРА „МОРСКИОТ АКРОПОЛ“ ЗА НУРКАЧИ ОТКАКО ГО ОБЕЗБЕДИ СО ПОДВОДЕН КОМПЈУТЕРСКИ НАДЗОР

    ГРЦИЈА ГО ОТВОРА „МОРСКИОТ АКРОПОЛ“ ЗА НУРКАЧИ ОТКАКО ГО ОБЕЗБЕДИ СО ПОДВОДЕН КОМПЈУТЕРСКИ НАДЗОРСе верува дека бродот што потонал во 5. век пред нашата ера превезувал меѓу 3.000 и 5.000 амфори (Фото: Ројтерс)

    Скриен и заштитен со милениуми, остатоците на древен брод во Грција за првпат ќе бидат отворени за јавност, спојувајќи ги археолошките чуда од дното на морето со вештачката интелигенција од модерното доба.

    Пристапот кон подводните локалитети во Грција вообичаено е строго ограничен за да се заштити нивниот интегритет, но властите дозволија рекреативно нуркање меѓу остатоците од бродот во морскиот парк Перистера благодарение на технологијата на компјутерски надзор. Подводните камери ќе го набљудуваат локалитетот и веднаш ќе ги алармираат администраторите ако постои ризик од негово оштетување.

    Подводни камери ќе го набљудуваат локалитетот (Фото: Ројтерс)

    Тој се наоѓа на длабочина меѓу 22 и 28 метри покрај брегот на егејскиот остров Алонисос, каде што дрвен брод од 126 тони потонал во 5. век пред нашата ера, носејќи илјадници амфори.

    „Ова се едни од најубавите древни остатоци од брод на светот, така што местото доби прекар морски Акропол“, вели Јоргос Папаламбру, асистент професор на Националниот технички универзитет во Атина.

    Тој смета дека поставениот набљудувачки систем, кој работи на сончева енергија, би можел да послужи како пример за други подводни локалитети.

    „Ова е првпат не само во Грција, туку и во Европа, едни вака големи остатоци да се отворат за јавност и нуркање. Сум нуркал многу пати долу и навистина е импресивно. Овие остатоци даваат увид во период познат како Златно доба на Атина“, вели Димитрис Куркумелис, главниот археолог на проектот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари