ХОЛАНДСКИОТ ПЕЈАЧ ЈОСТ КЛАЈН ДИСКВАЛИФИКУВАН ОД ЕВРОСОНГ ПО ИНЦИДЕНТ ЗАД СЦЕНАТА

    ХОЛАНДСКИОТ ПЕЈАЧ ЈОСТ КЛАЈН ДИСКВАЛИФИКУВАН ОД ЕВРОСОНГ ПО ИНЦИДЕНТ ЗАД СЦЕНАТАПејачот е испратен дома по обвинението за заплашување поднесено до шведската полиција од жена-членка на продукциската екипа. (Фото: АП)

    Холандскиот уметник Јост Клајн е дисквалификуван од Евросонг по инцидент зад сцената. Пејачот е испратен дома по обвинението за заплашување поднесено до шведската полиција од жена-членка на продукциската екипа. Во соопштението, организаторите на натпреварот велат дека „не би било соодветно тој да продолжи на натпреварот“ додека се одвива правниот процес.

    Холандскиот радиодифузер Авротрос го нарече исклучувањето на Клајн „несразмерно“. Во соопштението на социјалните мрежи, компанијата рече дека е „шокирана од одлуката“ и дека „ќе се наврати на ова подоцна“.

    Клајн беше меѓу фаворитите за победа на годинешниот натпревар со неговата песна „Европапа“. Проевропската техно химна е посветена на неговиот татко, кој починал од рак кога Клајн имал 12 години. Пејачот кој сега има 26 години му ветил на татка си дека еден ден ќе настапи на евровизиската сцена.

    Веста за неговата суспензија се појави вчера попладне, за време на првата генерална проба за големото телевизиско финале вечерва. Реквизитите на Клајн беа поставени на сцената во арената Малме кога продукцискиот менаџер навести дека треба да бидат отстранети. Неговата песна потоа беше прескокната без објаснување, а на негово место дојде израелскиата пејачка Еден Голан, која беше следна.

    Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира настанот, подоцна објави соопштение во кое се вели „го истражуваме инцидентот што ни беше пријавен во врска со холандскиот уметник“. Денеска, шведската полиција потврди дека еден маж бил пријавен за „незаконски закани“ во Малме Арената, по полуфиналето во четвртокот.

    „Полицијата ги презеде сите суштински истражни мерки и ги испраша осомничениот, тужителот и сведоците“, рече портпаролот. „Истрагата е завршена од полицијата… и случајот сега ќе оди кај обвинителот во рок од неколку недели“.

    ЕБУ последователно потврди дека Клајн нема да учествува вечерашното во големото финале.

    „Ние одржуваме политика на нулта толеранција кон несоодветното однесување на нашиот настан и посветени сме на обезбедување безбедна и сигурна работна средина за целиот персонал на натпреварот“, велат тие. „Со оглед на ова, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета дека ги прекршува правилата на натпреварот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира