ИДНАТА ПРВА ДАМА НА САД Е ДОКТОР НА НАУКИ КОЈА ЧЕТИРИ ПАТИ ГО ОДБИЛА БАЈДЕН ПРЕД ДА СЕ СОГЛАСИ НА БРАК

    ИДНАТА ПРВА ДАМА НА САД Е ДОКТОР НА НАУКИ КОЈА ЧЕТИРИ ПАТИ ГО ОДБИЛА БАЈДЕН ПРЕД ДА СЕ СОГЛАСИ НА БРАКЏил Џејкобс беше покрај Бајден при секој негов политички потег, но никогаш не ги запостави сопствените образование и кариера. (Фото: Гети)

    По бивш модел, во Белата куќа влегува доктор на науки.

    Џил Бајден, идната прва дама на САД, често ја опишуваат како најголемиот бранител на нејзиниот сопруг и еден од неговите најдоверливи советници.

    Шеесет и деветгодишната Џил е во брак со Џо Бајден веќе 43 години, станувајќи маќеа на Бо и Хантер, неговите синови од бракот со Нилија Хантер, која загина во сообраќајна несреќа во 1972 година заедно со едногодишната ќерка Наоми. Иако Џил Бајден дипломатски избегнува да открие каква прва дама ќе биде, многумина веруваат дека ќе биде апсолутна спротивност на Меланија Трамп.

    Џил и Џо Бајден со 39-годишната ќерка Ешли (Фото: Гети)

    Госпоѓа Бајден, која е универзитетски професор по англиски, нема да биде странец во Белата куќа, бидејќи осум години помина таму како втора дама на САД, за време на двата потпретседателски мандата на нејзиниот сопруг во администрацијата на Барак Обама.

    Родена како Џил Џејкобс, таа имала 18 години кога се омажила за Бил Стивенсон, но овој брак издржал само пет години, до 1975. Истата година, нејзиниот пријател од колеџ Френк Бајден ѝ наместил состанок на слепо со брат му Џо, кој тогаш бил сенатор од Делавер.

    „Како си го добил овој број“, биле првите зборови на Џил откако Џо ѝ се јавил, откри таа во своите мемоари од 2019.

    Џо и Џил се запознаа три години по смртта на неговата прва сопруга (Фото: Гети)

    Бајден ѝ рекол дека го побарал бројот од брат му откако ја видел на плакат на аеродромот во Вилмингтон. Девет години постариот Бајден моментално бил освоен од Џил, но морал да ѝ предложи брак 5 пати, пред таа конечно да се согласи две години подоцна. Тие се венчаа во 1977 во капелата во Обединетите нации и во 1981 ја добија ќерката Ешли.

    „Таа ми го врати стариот живот. Ме натера да мислам дека повторно имам целосно семејство“, кажа Бајден своевремено.

    Џил Бајден продолжи да работи како професорка и додека беше втора дама на САД (Фото: АП)

    Џил оттогаш беше покрај него при секој негов политички потег, но никогаш не ги запостави сопствените образование и кариера. Таа стекна четири дипломи, докторираше на Универзитетот Делавер во 2007 и продолжи да предава англиски на државен колеџ и додека беше втора дама на САД.

    „Да се биде професор не е она што го работам, туку она што сум“, вели Џил Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира