Светлосни инсталации во човечки форми, коли полни со цвеќиња, флуоресцентни перници, игри на светлината со силуети, светлосни ефекти изминативе две вечери може да се забележат низ калдрмите на Старата скопска чаршија, како дел од првото издание на фестивалот „Скопје лајт арт дистрикт“.
Фестивалот го организира Град Скопје во соработка со францускиот град Лион, каде се одржува најстариот фестивал на светлосна уметност.
„Скопје лајт арт дистрикт“ почна вчера, на „Белата ноќ“ , ќе трае до вторник, а мотото е „Следи ја патеката“.
Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ