ИНДИЕЦ ПРЕСТОЈУВАЛ 603 ДЕНА ВО ХОТЕЛ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ БЕЗ ДА ПЛАТИ

    ИНДИЕЦ ПРЕСТОЈУВАЛ 603 ДЕНА ВО ХОТЕЛ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ БЕЗ ДА ПЛАТИАнкуш Дурта оставил неплатена сметка од 70.000 долари во хотелот „Розит хаус“ во Њу Делхи (Фото: Гети)

    Индиската полиција отвори истрага против измамник кој престојувал речиси две години во хотел со пет ѕвезди без да плаќа, објавија локалните медиуми.

    Анкуш Дурта резервирал соба во хотелот „Розит хаус“ во Њу Делхи на 30 мај 2019 и требало да се одјави следниот ден. Место тоа, тој го продолжил својот престој цели 603 дена, до 22 јануари 2021, оставајќи зад себе неплатена сметка од 70.000 долари. Аномалијата излегла на виделина при проверка на хотелските извештаи.

    Сметките биле фалсификувани за да се сокријат реалните неподмирени трошоци“, изјави полицијата за весникот „Индијан експрес“.

    Менаџерите на хотелот, кој се наоѓа близу меѓународниот аеродром „Индира Ганди“, поднеле пријава против неколкумина вработени за заговор, измама и фалсификување, како и за манипулирање со интерниот софтверски систем.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира