ИНСТАЛАЦИЈА СО ХИТОТ „АФРИКА“ НА „ТОТО“ ПОСТАВЕНА ВО ПУСТИНА ВО АФРИКА

    ИНСТАЛАЦИЈА СО ХИТОТ „АФРИКА“ НА „ТОТО“ ПОСТАВЕНА ВО ПУСТИНА ВО АФРИКАИнсталацијата „Тото засекогаш“ ја сочинуваат шест звучници поставени на поеденични столбови и и прикачени на МП3 плеер. Целиот уред се напојува со соларна енергија и ја емитува само песната „Африка“ (Фото: М. Сидентоф )

    Хитот „Африка“ од 1982 на американскиот род бенд „Тото“ е дел од уметничка инсталација поставена во пустината Намиб, на крајбрежјето на Намибија, Јужна Африка.

    Намибиско-германскиот уметник Макс Сидентоф ја постави инсталацијата „Тото засекогаш“ на крајот на декември. Шест звучници се поставени на поеденични столбови и и прикачени на МП3 плеер, кој ја содржи само таа песна. Целиот уред се напојува со соларна енергија, со ветување дека ќе работи засекогаш.

    Уметникот вели дека се инспирирал од зголемениот интерес и оживување на песната од разни уметници и корисници на социјалните мрежи.

    „Тоа многу ме заинтригира и сакав да ѝ оддадам почит на песната и физички да ја сместам ‘Африка’ во Африка. Пустината Намиб e стара 55 милиони години и е најстара пустина на светот, се чини дека е совршено место за тоа“, вели Сидентоф.

    Тој има подготвено и мапа до локацијата, но вели дека не се наоѓа лесно.

    „Целта на инсталацијата е да изгледа како скриено богатство кое може да го најдат само најверните обожаватели на ‘Тото’ “, вели уметникот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира