ИСЧЕЗНУВА ПОЗНАТИОТ НАСУКАН БРОД НА ЗАКИНТОС

    ИСЧЕЗНУВА ПОЗНАТИОТ НАСУКАН БРОД НА ЗАКИНТОСБродот трпи големи штети од бранови и лошо време, посебно за време на зимата. (Фото: Пекселс)

    Локалните власти на јонскиот остров Закинтос сакаат да го преземат управувањето и одржувањето на познатиот насукан брод на плажата Навајио, кој што има претрпено значителна штета и е во ризик да исчезне целосно.

    Бродот трпи големи штети од бранови и лошо време, посебно за време на зимата.

    Зборувајќи за грчката државна телевизија ЕРТ, градоначалникот на Закинтос, Јорго Стасинопулос, кажа дека е време општината да го преземе управувањето со бродот.

    „Бродот исчезнува, ова е последна шанса да го спасиме“, кажа тој, додавајќи дека досега заштитата на бродот била оневозможена поради некоординација на неколку различни институции.

    Бродот „МВ Панајотис“ се насука на брегот во октомври 1980 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира