ИСКИНАТИ БАНКНОТИ ОД 500 ЕВРА ЗАТНАЛЕ КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ЖЕНЕВА

    ИСКИНАТИ БАНКНОТИ ОД 500 ЕВРА ЗАТНАЛЕ КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ЖЕНЕВАПолицијата соопшти дека вредноста на фрлените пари изнесува десетици илјади евра, но нема идеја кој го направил тоа (Фото: АФП)

    Десетици илјади евра биле фрлени во  клозетска шолја во Женева, што ја навело полицијата да се посомнева дека станува збор за валкани пари, објави весникот „Гардијан“.

    Голем број банкноти од 500 евра биле пронајдени искинати во канализацискиот систем на швајцарската банка УБС, а големо количество пари било фрлено и во тоалетите на угостителски објекти во близина.

    Полицијата соопшти дека вредноста на фрлените пари изнесува десетици илјади евра, но таа засега нема информации кој го направил тоа.

    Наводно, парите потекнуваат од приватен сеф на банката, што и припаѓал на една неименувана Шпанка. Нејзиниот адвокат се појавил во локална полициска станица, но само се понудил да ги плати трошоците за одзатнување на цевките во банката и во трите ресторани.

    „Штетата се проценува на неколку илјади швајцарски франци“, објави весникот „Трибун де Женеве“.

    Уништувањето пари не е казниво дело во Швајцарија, но полицијата го истражува случајот поради сомнителните околности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира