Ист Гејт Мол официјално ќе биде отворен за посетителите утре (29 октомври) од 10:00 часот, а во предвечерјето на официјалното отворање, во вечерва се одржа средба за закупците, соработниците и партнерите на Ист Гејт Мол.
На настанот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, како и министри во владата, претставници на дипломатскиот кор и претставници на закупците на трговскиот центар.
На средбата инвеститорот искажа голема благодарност на сите учесници во процесот, кој овозможи реализација на инвестицијата.
Трговскиот ценатар, чија бруто изградена површина изнесува 160.000 м2, беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија.
Ист Гејт Мол е дел од повеќенаменскиот проект Скопје Ист Гејт и претставува инвестиција на Балфин Групација.