ЈАНА НА ЕВРОВИЗИСКИОТ ПРОМОТИВЕН СПОТ ОБЈАВИ ДЕКА Е ТРУДНА

    ЈАНА НА ЕВРОВИЗИСКИОТ ПРОМОТИВЕН СПОТ ОБЈАВИ ДЕКА Е ТРУДНАСцена од промотивниот спот со кој Јана ги збуни евровизиските водители

    Коментарите на евровизиските коментатори веднаш беа дека „таа не танцувала сама“. – од генералната проба

    Македонската претставничка на песната на Евровизија Јана Бурчевска со промотивниот спот пред нејзиниот настап во Киев објави дека е трудна. Во спотот што се пушта како најава пред секој настап на учесниците на евровизискиот фестивал во една сцена се појавува Јана на ехо преглед во гинеколошка ординација.

     

    На водителите на националните телевизии кои го коментираат преносот од Киев им било речено да внимаваат при презентацијата на претставничката на Македонија оти при крајот на спотот таа сака нешто да порача, соопшти водителот на Хрватската телевизија, по што се појави Јана легната на преглед.

    Јана Бурческа се надева да стави крај на серијата на Македонија од пет години без пласман во Евровизиското финале со песната „Танцувај сам“ (Dance Alone). Коментарите на евровизиските коментатори веднаш беа дека „таа не танцувала сама“.

    Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира