ЈАПОНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА САЈБЕРБЕЗБЕДНОСТ ПРИЗНА ДЕКА НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕЛ КОМПЈУТЕР

    ЈАПОНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА САЈБЕРБЕЗБЕДНОСТ ПРИЗНА ДЕКА НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕЛ КОМПЈУТЕРЈошитака Сакурада вели дека цел живот работи така што дава инструкции на свои вработени и секретарки (Фото: Ројтерс)

    Јапонски министер задолжен за сајбербезбедност ја шокираше јавноста со признанието дека никогаш не користел компјутер во својот професионален живот и, исто така, покажал збунетост од концептот на УСБ.

    Шеесет и осумгодишниот Јошитака Сакурада е шеф на владиниот оддел за сајбербезбедност и министер задолжен за организација на Летните олимписки игри во Токио во 2020 година. И покрај овие функции, тој во парламентарна дебата призна дека никогаш не користи, ниту работел на компјутер.

    „Уште од моја 25-годишна возраст не користам компјутер лично, туку давам инструкции на мои вработени и секретарки“, кажа Сакурада.

    Тој исто така бил збунет кога го прашале дали во јапонските нуклеарни централи се користат УСБ-приклучоци.

    „Неверојатно е што некој кој никогаш не допрел компјутер се грижи за нашата сајбербезбедност. Тој дури не знае што е УСБ. Ако го нападнат хакери, ќе му ги украдат сите информации“, изјави опозицискиот пратеник Масато Имаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира