ЈУЖНОКОРЕЈСКИТЕ ВЛАСТИ КОНЕЧНО ЈА ИЗВЕДОА АЈКУЛАТА ЗАГЛАВЕНА ВО КАНАЛ ЕДЕН МЕСЕЦ, ТАА СЕ ВРАТИ НАЗАД

    ЈУЖНОКОРЕЈСКИТЕ ВЛАСТИ КОНЕЧНО ЈА ИЗВЕДОА АЈКУЛАТА ЗАГЛАВЕНА ВО КАНАЛ ЕДЕН МЕСЕЦ, ТАА СЕ ВРАТИ НАЗАДЗа еден месец откако се појави во каналот, Буканги привлече повеќе од 1,6 милиони посетители (Фото: ДПА)

    Познатата ајкула во Јужна Кореја се врати во каналот каде што беше заглавена еден месец, само еден ден откако властите соопштија дека успешно ја извеле надвор, по неколку неуспешни обиди претходно.
    Ајкулата, која го доби прекарот Буканги, стана неочекувана сензација откако минатиот месец беше забележана во канал во југоисточниот пристаништен град Бусан.

    Министерството за поморство на Јужна Кореја вчера соопшти дека ја извело Буканги од каналот во отворениот дел на пристаништето, но подоцна пристигнаа информации дека се вратила до влезот на каналот, откако ја пробила бариерата поставена од властите.

    Се претпоставува дека Буканги била привлечена кон каналот од невообичаено топлите води и изобилството на риба. Со оглед на тоа што морето станува сè потопло од година в година, експертите велат дека во иднина во Бусан би можело да има повеќе ајкули.

    За еден месец откако се појави во каналот, Буканги привлече повеќе од 1,6 милиони посетители. Нејзината популарност даде значаен поттик за туризмот во Бусан, кој ја прифати како своја неофицијална маскота.

    Но, властите се загрижени за состојбата на Буканги, бидејќи таа изгледаше повредена и не јадеше.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира