Организираните криминални групи во Мексико имаат околу 175.000 членови, со што се петтиот најголем работодавач во земјата, покажа ново истражување објавено во списанието „Наука“.
Користејќи податоци за убиства, исчезнати лица и затворања за период од една деценија, како и информации за интеракции помеѓу ривалските банди, во трудот е направено математичко моделирање на севкупното членство на картелите. Авторите сметаат дека најдобриот начин за намалување на крвопролевањето е да се запре регрутирањето од картелите, додека повеќе затворања на нивните членови води кон зголемување на стапката на убиства.
„Во затворите во Латинска Америка има повеќе од 1,7 милиони луѓе и зголемувањето на оваа бројка нема да го реши проблемот со несигурноста“, велат авторите.
Бројот на убиства во Мексико трикратно се зголемил меѓу 2007 и 2021, кога според владини податоци имало 34.000 жртви, односно 27 убиства на 100.000 жители.
На национални ниво, за превласт се борат картелите Синалоа и Халиско, но аналитичарите идентификувале 198 вооружени групи во Мексико, од кои повеќето работат за големите играчи и ги решаваат локалните спорови.
„Идејата да се запре регрутирањето за да се намали насилството не е нова. Ако картелите не можат да регрутираат, значи дека не можат да ги надоместуваат своите загуби и нема да можат да се борат едни против други“, вели Валентин Переда, професор на Универзитетот во Монтреал.
Во Ел Салвадор, пак, насилството драстично се намалило токму поради масовни затворања, па сега 2% од тамошното население е во затвор,