КИНА ГО ИЗМЕНИ КРАЈОТ НА ФИЛМОТ „БОРЕЧКИ КЛУБ“ И ВО НЕГО ПОБЕДУВААТ ВЛАСТИТЕ

    КИНА ГО ИЗМЕНИ КРАЈОТ НА ФИЛМОТ „БОРЕЧКИ КЛУБ“ И ВО НЕГО ПОБЕДУВААТ ВЛАСТИТЕВо кинеската верзија, Тајлер Дарден (Бред Пит) не умира, туку го праќаат во лудница (Фото: Алами(

    Кина го отстрани крајот на култниот филм на Дејвид Финчер „Боречки клуб“ (Fight Club) и го замени со порака во која се вели дека властите победиле. Ова следува откако „Боречки клуб“ беше додаден на кинеската стриминг платформа „Тенсент видео“.

    Во филмот од 1999 година, Едвард Нортон го убива своето алтер его Тајлер Дарден, што го глуми Бред Пит, пред да експлодираат згради во климаксот на заговорот за преуредување на општеството.

    Во новата кинеска верзија, пред експлозиите се појавува порака која вели дека полицијата го разоткрила заговорот, ги уапсила криминалците, а Дарден е испратен во лудница. Оттаму бил отпуштен во 2012.

    „Ова е суперпрекрасно! Сите добиваат среќен крај во Кина! Не знаев дека правдата секогаш победува, никогаш ништо не експлодира“, саркастично напиша на Твитер Чак Поланик, според чиј роман е снимен филмот.

    Не е невообичаено кинеските цензори да исфрлуваат делови од западни филмови, но многу ретко се случува да го менуваат крајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира