КИНА, ИНДИЈА, БРАЗИЛ И СРБИЈА ЌЕ ПЕАТ НА ИНТЕРВИЗИЈА, РУСКАТА ВЕРЗИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА, МЕСТО КИЧ, ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ

    КИНА, ИНДИЈА, БРАЗИЛ И СРБИЈА ЌЕ ПЕАТ НА ИНТЕРВИЗИЈА, РУСКАТА ВЕРЗИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА, МЕСТО КИЧ, ЌЕ СЕ ПРОМОВИРААТ ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИУчесниците доаѓаат од 23 држави, а победникот ќе добие награда од 360.000 долари (Фото: ЕПА)

    Исфрлена од Евровизија поради војната во Украина, Русија денеска ќе го одржи првото издание на возобновеното музичко натпреварување Интервизија, на која ќе се промовираат традиционални семејни вредности.

    Учесниците доаѓаат од 23 држави, на кои отпаѓа повеќе од половина од светската популација. Меѓу нив се Индија, Кина и Бразил, а победникот ќе добие награда од 30 милиони рубли (360.000 долари).

    Владимир Путин го најави ривалското натпреварување на Евровизија оваа година, а шеф на надзорниот одбор е негов близок соработник.

    Манифестацијата ќе се пренесува на руската државна телевизија, а преку интернет и телевизија ќе може да се гледа и во другите земји-учеснички. Песните можат да се пеат на кој било јазик, а за победникот ќе одлучува професионално жири со претставници од секоја држава.

    Србија е единствената држава која има претставник и на Евровизија и на Интервизија, која го задржа името од советското време. Таа се одржувала од 1965 до 1968 и потоа од 1977 до 1980 година.

    Учествуваат и други пријателски држави на Русија, како Белорусија, Куба, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Венецуела, Узбекистан, Виетнам и Мадагаскар, но и САД, за кои ќе пее Васи, австралиско-грчки пејач кој живее во Лос Анџелес, откако Брендон Хауард го откажа настапот во последен момент од семејни причини.

    Наспроти евровизискиот кич, Интервизија ќе промовира традиционални, универзални и семејни вредности“, кажаа организаторите.

    Русија учествуваше на Евровизија 23 пати и победи во 2008 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира