КИНЕЗИ ГО ПРЕСЛИКАА ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА ВАН ГОГ СО 600 ДРОНОВИ НА НЕБОТО И ПОСТИГНАА ГИНИСОВ РЕКОРД

    КИНЕЗИ ГО ПРЕСЛИКАА ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА ВАН ГОГ СО 600 ДРОНОВИ НА НЕБОТО И ПОСТИГНАА ГИНИСОВ РЕКОРДАнимацијата траеше 26 минути и 19 секунди. (Фото: Си-Ен-Ен)

    Шестотини дронови на небото ја пресликаа една од најпознатите слики на Ван Гог, „Ѕвездена ноќ“, и постигнаа светски Гинисов рекорд. Компанијата за дронови ЕФУИ во соработка со Универзитетот Тинаѓин во северна Кина, поставија рекорд за најдолга анимација изведена од беспилотно воздuшно летало, со времетраење од 26 минути и 19 секунди.

    „Анимацијата е исто начин да се раскаже приказна“, рече директорката на компанијата, Џанг Сиќи.

    Анимациите со дрон, во пракса се малку незгодини да се изведат.  (Фото: Си-Ен-Ен)

    „Ѕвездена ноќ“ не беше единственото уметничко дело кое се појави на небото. Перформансот ја долови животната приказна на холандскиот постимпресионистички сликар преку некои од неговите најпознати дела, меѓу кои и серијалот „Сончогледи“.

    Џанг вели дека анимациите со дрон во пракса се малку незгодини да се изведат.

    „Технолошката координација беше приоритет. Поддршката на наративот на шоуто бараше прецизно техничко планирање“, додава таа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира