КОМЕТАТА НЕОВАЈС ГО ДОСТИГНУВА ВРВОТ И ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВРАТИ ЗА 6.766 ГОДИНИ

    КОМЕТАТА НЕОВАЈС ГО ДОСТИГНУВА ВРВОТ И ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВРАТИ ЗА 6.766 ГОДИНИКометата над римскиот аквадукт кај Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Кометата Неовајс полека се ближи кон точката кога ќе биде најблиску до Земјата, но ова, всушност, се последните денови кога таа може да се набљудува.

    Официјално именувана Ц/2020 Ф3 или Неовајс, таа е третата комета откриена оваа година и првпат била снимена од рускиот космонаут Иван Вагнер на 27 март, кој ја видел од Меѓународната вселенска станица. Денеска, таа ќе поминува покрај нашата планета на дистанца од 103 милиони километри и сѐ уште може да се набљудува без телескоп или двоглед, но полека ќе почне да бледнее, како што ќе се оддалечува од Сонцето и Земјата. И нема повторно да се види 6.766 години.

    Откако во првата половина на јули можеше да се види во раните утрински часови, сега е повидлива на небото еден до два часа по зајдисонце, велат од НАСА.

    „Фактот што можеме да ја видиме со голо око е она што ја прави уникатна. Вистинска реткост е кометата да е толку сјајна“, вели Емили Крејмер од НАСА.

    Според научниците, Неовајс е долга пет километри, што ја прави голема комета.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира