КОПАЛЕ ДУПКА НА ГРОБОТ НА ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАР ВОЛФГАНГ ШОЈБЛЕ, НО НЕ СТИГНАЛЕ ДО КОВЧЕГОТ

    КОПАЛЕ ДУПКА НА ГРОБОТ НА ПОЗНАТИОТ ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАР ВОЛФГАНГ ШОЈБЛЕ, НО НЕ СТИГНАЛЕ ДО КОВЧЕГОТДупката на гробиштата во југозападниот град Офенбург сега е затрупана (Фото: ДПА)

    Непознато лице ископало дупка на гробот на германскиот политичар Волфганг Шојбле, една од највлијателните личности во повоената историја на земјата, по што безбедносните органи покренале истрага. Истражителите рекоа дека дупката била длабока околу 1,2 метри и не стигнала до ковчегот на Шојбле, кој почина во декември на 81-годишна возраст.

    Комуналните работници ја откриле ископаната земја на гробиштата во југозападниот град Офенбург во понеделникот наутро. Засега нема информации за мотивот за инцидентот.

    Шојбле беше пратеник со најдолг стаж во германската историја. Конзервативниот политичар беше и министер за внатрешни работи и финансии и ја обликуваше германската политика со децении. Помогна во обединувањето на Германија и ја водеше еврозоната низ нејзината должничка криза со понекогаш непопуларни мерки, како што беше притисокот врз Грција да прифати строги мерки на штедење во 2009.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира