ЛАЈОНС КЛУБ АЛФА ДОНИРАШЕ НАД 300 ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦА И 200 ПАКЕТИ ХРАНА И МАСКИ ЗА СЕМЕЈСТВА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

    ЛАЈОНС КЛУБ АЛФА ДОНИРАШЕ НАД 300 ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦА И 200 ПАКЕТИ ХРАНА И МАСКИ ЗА СЕМЕЈСТВА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИПакетчињата, пакетите и маските ги добија семејства од ранливи категории од Богданци, Демир Капија, Битола, Прилеп и од Скопје. (Фото: Лајонс Клуб Алфа)

    Скопскиот Лајонс Клуб Алфа донираше повеќе од 300 пакетчиња за деца и околу 200 пакети храна и хигиенски маски за една и за повеќе употреби за семејства од ранливи категории од Богданци, Демир Капија, Битола, Прилеп и од Скопје.

    „Ние Лајонсите и нашите млади Леовци од целиот свет работиме на проект ‘Глад’, затоа што бројките на гладни лица во светот растат постојано од 2014 година. Таа година, 8.9% од светската популација легнувале со празен стомак. Во 2016 година, 815 милиони луѓе се соочувале со овој проблем. Овие бројки сè уште растат и се предвидува дека во 2030 година, бројот на гладни лица ќе достигне 840 милиони. Светот како да не знае да се справи со овој проблем додека 1/3 од светското производство на храна се фрла или уништува во синџирот на достава“, вели Соња Зафировска, координатор на Дистрикт 132 за проектот „Глад“.

    Зафировска вели дека ќе продолжат со ваквиот тип активности секој месец и во иднина, благодарение на компаниите што им помагаат и ги повикува сите заинтересирани фирми за донација на нераспилива и свежа храна да контактираат со Лајонс клубот Алфа.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира