ЛЕСОТО ГО РАЗВИ ПРВИОТ СКИ-ЦЕНТАР ВО АФРИКА

    ЛЕСОТО ГО РАЗВИ ПРВИОТ СКИ-ЦЕНТАР ВО АФРИКАНа надморска височина од 3.000 метри, Африски во планините Малути во Лесото е единствениот ски-центар во Африка јужно од екваторот. (Фото: АП)

    Додека милиони низ Европа се потат во летото со рекордни жештини, во Африка скијаат. Но, ова не е уште еден знак за климатските промени, туку фасцинантната аномалија на Лесото, мало планинско кралство целосно опкружено со Јужна Африка. Лесото е единствената држава на Земјата чиј секој сантиметар од територијата е на повеќе од 1.000 метри над морското ниво. Поради тоа има снег на Лесото во зимите на јужната хемисфера.

    И додека студените зими не се ретки во јужна Африка, снегот, а и скијачките центри се многу поретки. На надморска височина од 3.000 метри, Африски во планините Малути во Лесото е единствениот ски-центар во Африка јужно од екваторот.

    Снежниот парк Капоко на Африски е единствениот снежен парк на континентот, а минатиот месец се одржа и редовниот годишен натпревар во соноуборд и скијање. (Фото: АП)

    „Никогаш не сум видел снег во мојот живот“, вели Кафи Мојапело, која дојде од блиско место во Јужна Африка за првпат на одмор на скијање. „Значи, ова е одлично искуство“.

    Снежниот парк Капоко на Африски е единствениот снежен парк на континентот, а минатиот месец се одржа и редовниот годишен натпревар во соноуборд и скијање.

    Можеби Африски не е на нивото на големите европски алпски одморалишта, но љубовта кон зимските спортови веќе доволно голема. Во рестораните и кафеата уште од 10 часот скијачите и бордерите ја покажуваат својата зимска мода и се забавуваат со музика со пиво в рака, а толпата што доаѓа на скијање во Африка е се поголема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира