Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ќе испроба нова мерка во обид да се намали загадувањето во градот, пуштајќи во употреба 25 електрични комбиња за достава за време на сезоната на големи празнички попусти.
Повеќе од половина од аерозагадувањето во Лондон се должи на емисијата на гасови од бензински и дизел возила. Од таа причина, Кан сака да им помогне на превозните компании да ги заменат своите тешки возила со поеколошки модели, како оние на електричен погон.
Возилата за достава чинат 30% од целиот сообраќај во централен Лондон и моментално, 97% од нив се дизелски.
Новите комбиња се едни од најголемите електрични возила кои моментално се во употреба и тие имаа околу 80.000 испораки неделно за време на празниците, од кои дури 18.600 на Црниот петок, денот на големите попусти.
За да ги добијат комбињата, градот ги субвенционираше компаниите со 1,1 милион фунти и доколку овој тест се покаже успешен, потоа ќе се охрабрат и други превозници да се префрлат на еколошки возила.