ЛОНДОН СЛАВИ 100 ГОДИНИ ОД МАГИЈАТА НА ДИЗНИ

    ЛОНДОН СЛАВИ 100 ГОДИНИ ОД МАГИЈАТА НА ДИЗНИМеѓу експонатите има и предмети кои ретко биле објавувани во јавноста. (Фото: Ексел центар)

    Над 250 предмети содржи изложбата „Дизни 100“ која се отвори во Лондон, со која се слави 100 години од магичниот свет на Волт Дизни. Поставката со предмети како скици за Мики Маус, стаклените чевлички на Пепелашка,  реквизити и костими од „Снежана и седумте џуџиња“, „Книга за џунглата“, „Убавицата и ѕверот“ се изложени во 10-те простории на Ексел центарот во Лондон.

    Изложбата ќе трае до 2024 година. (Фото: Ексел центар)

    Уште пред отворањето на 13 октомври, веќе беа продадени над 80 илјади влезници. Изложбата ќе трае до 2024.

    „Првото филмско искуство на повеќето луѓе е со филм на Дизни, и токму тоа нè поврзува сите нас“, вели аниматорот и режисер Ерик Голдберг. „Овие ликови можат да останат вистинити и универзални со децении“, додаде тој.

    Стаклената чевличка на Пепелашка. (Фото: Ексел центар)

    Друга верзија од оваа поставка ќе биде отворена во Чикаго следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира