БРИТАНСКАТА ВЛАДА ГИ БЛОКИРАШЕ ПЛАНОВИТЕ ЗА УРИВАЊЕ ПРОДАВНИЦА ВО РЕЧИСИ ЕДЕН ВЕК СТАРА ЗГРАДА ВО ЛОНДОН

    БРИТАНСКАТА ВЛАДА ГИ БЛОКИРАШЕ ПЛАНОВИТЕ ЗА УРИВАЊЕ ПРОДАВНИЦА ВО РЕЧИСИ ЕДЕН ВЕК СТАРА ЗГРАДА ВО ЛОНДОН„Маркс енд Спенсер“ сакаше да изгради нова модерна продавница во рамките на компексот, сметајќи дека сегашната зграда се распаѓа (Фото: Гети)

    Маркс енд Спенсер“ не смее да ја урива и преуредува својата препознатлива продавница во централен Лондон, откако државниот секретар ги блокираше ваквите планови. Компанијата сакаше да ја замени својата зграда во арт деко стил на улицата Оксфорд со нова продавница и голем деловен блок.

    И покрај силната опозиција, советот на Вестминстер претходно ја одобри шемата, која потоа беше запрена од владата. Шефот на „Маркс енд Спенсер“, Стјуарт Мачин, ја опиша одлуката како чин на самосаботажа.

    Мачин најави дека продавницата би можела да ја напушти својата сегашна локација на светски познатата шопинг улица.

    Од почеток ни беше јасно дека не постои друга остварлива шема, така што по речиси еден век, ‘Маркс енд Спенсер‘ нема избор освен да ја преиспита својата иднина на улицата Оксфорд по желба на еден човек. Тоа е патетично“, изјави Мачин.

    Компанијата сакаше да изгради нова модерна продавница во рамките на десеткатниот компекс, сметајќи дека сегашната зграда се распаѓа. Место тоа, властите донесоа одлука за обнова на зградата од 1929 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира