„МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ ЦЕЛОСНО ЌЕ ЈА ЗГАСНЕ 3Г ТЕХНОЛОГИЈАТА ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ

    „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“ ЦЕЛОСНО ЌЕ ЈА ЗГАСНЕ 3Г ТЕХНОЛОГИЈАТА ДО КРАЈОТ НА АПРИЛМрежата 3Г беше воведена во Македонија во 2009 и го отвори патот кон интернет ерата (Фото: СДК.МК)

    Македонски Телеком е првиот оператор во Македонија кој ќе ја укине 3Г технологијата, што е во согласност со светските трендови во индустријата и ќе придонесе за развој и ширење на новите технологии.

    Мрежата 3Г беше воведена во Македонија во 2009 и го отвори патот кон интернет ерата, но веќе е одамна надмината. Од „Телеком“ велат дека со нејзиното гаснење ќе се ослободат фреквенции, ресурси и инвестиции за развој на 4Г и 5Г технологиите.

    Гаснењето на 3Г не значи само замена на застарената технологија, туку и ветување за супериорно корисничко искуство. 3Г заминува во историја, а ние целосно ќе го искористиме потенцијалот на новите, далеку понапредни технологии, како што се 4Г и 5Г“, изјави Маја Милосавлевска-Наумовска, главна директорка за техника и ИТ во Македонски Телеком.

    Активностите за гаснење ќе се одвиваат постепено, по региони, за да нема прекини во комуникациските услуги. До крајот на април 2024, 3Г ќе биде надвор од употреба на целата територија на Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира