МАРС, МЛЕЧЕН ПАТ И ПЕРСЕИДИ – МЕТЕОРСКО ШОУ НА НЕБОТО НАД КОЗЈАК (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    МАРС, МЛЕЧЕН ПАТ И ПЕРСЕИДИ – МЕТЕОРСКО ШОУ НА НЕБОТО НАД КОЗЈАК (ФОТОГАЛЕРИЈА)Од ридот над езерото Козјак се отвораше јасен поглед кон Марс, Млечниот Пат и метеорите (Фото: Ѓ. Личовски)

    За да гледате метеорски дожд, астрономски феномен кој секоја година е најизразен во првата половина на август, мора да излезете од населено место, но во случајот на Скопје, Водно, сепак, не е доволно.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Персеидите, кои се случуваат кога Земјата поминува низ ситни остатоци што зад себе ги остава древната комета Свифт-Татл, годинава го достигнаа својот врв овој викенд и своевидно собиралиште за нивното набљудување беше ридот над езерото Козјак, 40 километри од Скопје, од кадешто се отвора чист поглед кон Млечниот Пат. Овојпат, во комбинација со јасно осветлениот Марс и опашките на метеорите.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Иако е врвот на летото, најголема грешка беше на Козјак да се дојде неподготвен, што, пред сѐ, подразбира топла облека. Со температури од околу десет степени после полноќ, оние кои лошо го процениле времето, бргу си заминуваа. Други, пак, исполегнаа на земја и завиткани во вреќи за спиење уживаа во несекојдневната глетка.

    Не е потребен телескоп или друга посебна опрема за набљудување. Само требаше да се наканите, а имаше доста такви групи млади, не само професионални фоторепортери.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Шоуто на небото трае со часови, но иако феноменот се нарекува дожд, тоа не значи дека метеорите паѓаат во секој момент, па требаше да се биде внимателен и трпелив. Стручњаците велат дека просекот е 60 метеори на час, некои пребргу се гаснеа, а некои оставаа траги од неколку секунди.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира