МАСИМО ИСПЕАЛ ПЕСНА ЗА 23 ДЕКЕМВРИ, ДАТУМОТ НА СВОЈАТА СМРТ

    МАСИМО ИСПЕАЛ ПЕСНА ЗА 23 ДЕКЕМВРИ, ДАТУМОТ НА СВОЈАТА СМРТМасимо Савиќ вчера откако кратко се лекувал од рак на белите дробови. (Фото: Б. Здриња)

    Пред четири години, Тони Цетински и Масимо Савиќ ја изведоа песната „23 декември“ во музичкото шоу „А страна“ на ХРТ, а вчера, токму на тој датум, популарниот пејач Масимо почина на 60 години. Фановите во врска со симболиката на датумот го цитираат почетните стихови на песната кои ги говори Масимо: „23 декември, 2 часот по полноќ, ѕвони телефон, повик од болница“.

    Баладата „23 декември“ ја објави Цетински во 1995 и е една од неговите најпопуларни песни.

    На Јутјуб, каде што е објавена снимката од емисјата „А страна“, во која учествуваа и Петар Грашо и Нина Бадриќ, синоќа коментираа бројни фанови кои велат дека не можат да поверуваат оти нивниот омилен музичар починал и дека овој настап е особено трогателен за нив токму поради оваа симболика на датумот.

    Савиќ, еден од највпечатливите и најемотивни вокали на некогашната југословенска музичка сцена, почина вчера откако кратко се лекувал од рак на белите дробови.

    „Масимо кратко беше болен, неговото заминување сите нè изненади“, изјави Лана Чулиг од издавачката куќа „Аквариус рекордс“.

    Македонската поп пејачка Каролина на концерот во Скопје синоќа посвети една песна на Масимо, и кажа дека тој за февруари имал закажано концерт токму во салата на Филхармонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира