МЕДЕНА ЗЕМЈА ВО ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „КАРАЏИЦА“- ФОТОРЕПОРТАЖА

    МЕДЕНА ЗЕМЈА ВО ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „КАРАЏИЦА“- ФОТОРЕПОРТАЖАЕден од помошниците на медарот Гоце Чакаров дува во рамката полна со мед во случај некоја пчела да се заглавила во медот и се подготвува да ја однесе во изолирана просторија каде рамката ќе се исчисти од восок, и со помош на центрифуга медот ќе се одвои од рамката. Ова е прво извлекување на медот за оваа година од кошниците во планинарскиот дом „Караџица“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Гоце Чакаров управува со планинарскиот дом „Караџица“ и одржува повеќе од 50 кошници со пчели. Тој тоа го работи  во последните 10 години. Планинарскиот дом е на надморска височина од 1.450 метри на планината Јакупица, 45 километри јужно од Скопје.

    Вадење планинско-ливадски мед. (Фото: Ѓ Личовски)

    Поради големата надморска височина и над 40 километри оддалеченост од кое било индустриско или станбено подрачје, медот што го создаваат пчелите спаѓа во категоријата на висококвалитетен органски мед, иако нема сертификат за органски производ.

    Кошниците со пчели кај домот „Караџица“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Според Чакаров, македонско семејство кое има 100 пчеларници може да произведува околу 1.500 килограми мед годишно.

    Пчеларите го вадат медот. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Пчеларството во Македонија е растечки бизнис и станува важен дел од современиот животен стил. Висококвалитетниот планински ливадски мед се продава за минимална цена од 8,5 евра за тегла од 0,7 литри, што значи дека годишната заработка е поголема од 12.000 евра, или за 20 отсто поголема од просечниот годишен приход на македонско домаќинство. Во земјава има пчелари од различни професии и старосни групи.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Пчеларството станува семеен бизнис. Голем број млади одлучуваат да се вклучат во пчеларството. Државата дава субвенција од 600 денари по пчеларник што ќе ја прежививее зимата, а за органското пчеларство субвенциите се поголеми – 800 денари  по пчеларник“, вели претседателот на претседателот на Федерацијата за пчеларство на Северна Македонија Јане Марков.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Според Министерството за земјоделство, во Македонија има над  7.000 семејства кои работат со пчеларство. Проценката на Министерството е дека во земјата имало повеќе од 240.000 пчеларници на крајот на 2018. Во зависност од временските услови, еден  пчеларник произведува од 18 до 35 килограми мед.

    Фоторепортажа: Ѓорѓи ЛИЧОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира