МЕДИЦИНСКАТА МАРИХУАНА НЕ Е ШТЕТНА, ПОТВРДИ СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

    МЕДИЦИНСКАТА МАРИХУАНА НЕ Е ШТЕТНА, ПОТВРДИ СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈААко биде призната за лек, тоа ќе им овозможи на лекарите низ целиот свет да ја препишуваат медицинската марихуана (Фото: Шатерсток)

    Светската здравствена организација (ВХО) соопшти дека медицинската марихуана не би требала да се смета за дрога и дека не предизвикува зависност и злоупотреба.

    Како што канабисот се легализира и декриминализира низ САД и светот, претставниците на Организацијата досега предупредуваа дека не постојат доволно истражувања за да се исклучат сите нејзини негативни ефекти.

    Но, по неколкумесечно истражување, ВХО заклучи дека канабидиолот (ЦБД), релаксирачкото својство на канабисот, е корисен во третирањето на епилепсијата и во палијативната нега (олеснување на болките кај тешко болни лица) и дека не носи никакви дополнителни ризици.

    „Клиничките студии покажаа дека дури и високи дози канабидиол не предизвикуваат ефекти карактеристични за ТХЦ и за канабисот богат со ТХЦ. Утврдено е дека канабидиолот има ниска токсичност, но сѐ уште не се истражени сите потенцијални ефекти“, стои во извештајот на ВХО.

    Таа објави дека постојат и прелиминарни докази дека канабидиолот може да помогне во третирањето на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, како и ракот.

    Организацијата најави дека поцелосен извештај за канабисот ќе објави наредната година и доколку тој биде признат за лек, тоа ќе им овозможи на лекарите низ целиот свет да ја препишуваат медицинската марихуана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира