МЕДИУМСКИОТ МОГУЛ РУПЕРТ МАРДОК ЌЕ СЕ ЖЕНИ ПО ПЕТТИ ПАТ НА 92 ГОДИНИ

    МЕДИУМСКИОТ МОГУЛ РУПЕРТ МАРДОК ЌЕ СЕ ЖЕНИ ПО ПЕТТИ ПАТ НА 92 ГОДИНИМардок е во врска со 67-годишната Русинка Елена Жукова (Фото: Шатерсток)

    Медиумскиот могул Руперт Мардок потврди дека повторно се свршил на 92 години. Тој неколку месеци е во врска со 67-годишната Русинка Елена Жукова, која е молекуларен биолог.

    Најавено е дека венчавката ќе се одржи на имотот на Мардок во Калифорнија во јуни, што ќе му биде петти брак. Според „Њујорк тајмс“, поканите веќе биле испратени.

    За врската на Мардок со Жукова почна да се шпекулира набргу откако тој ненадејно ја раскина свршувачката со бившата полициска капеланка Ен Лесли Смит во април 2023. Мардок тогаш изјави дека не му било пријатно поради нагласените евангелистички гледишта на Смит.

    Мардок и Жукова наводно се запознале на забава организирана од една од неговите бивши сопруги Венди Денг.

    Мардок, кој лани се повлече од водечката функција во медиумската корпорација „Фокс“, има шест деца од првите три брака. Тој во 2022 се разведе од четвртата сопруга Џери Хол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира