„МЕМОРИЈА“ Е ПОСЛЕДНАТА ГРУПА ШТО ЌЕ СВИРИ НА СКОПСКИ САЕМ ПРЕД ДА БИДЕ УРНАТ

    „МЕМОРИЈА“ Е ПОСЛЕДНАТА ГРУПА ШТО ЌЕ СВИРИ НА СКОПСКИ САЕМ ПРЕД ДА БИДЕ УРНАТНајавуваат дека концертот на 18 ноември ќе биде општонародна забава. - Членовите на „Меморија“ на денешниот прес (Фото: Р. Вујовиќ)

    Една од најуспешните македонски групи „Меморија“ го најави својот прв концерт по пауза од 25 години, што ќе се одржи на Скопски саем на 18 ноември.

    Истовремено, овој концерт ќе биде можност да се одбележи и 35 години од основањето на групата, па од таа причина, на сцена ќе се појават членови од различни постави, што првенствено се однесува на пејачите Поце Икономов и Ристо Самарџиев.

    „Имаме врвна техника, очекувајте специјални аудио и визуелни ефекти. Затоа најавуваме дека ова ќе биде општонародна забава за македонскиот народ “, кажа басистот и еден од основачите на групата, Петар Георгиевски-Камиказа.

    Во продажба се пуштени 5.000 билети по цена од 500 денари, а, како што рече Георгиевски, останати се уште 1.500.

    Гости на концертот се Гранит Таќи со неговата ќерка Леа Таќи, Пере од „Нокаут“, Мики Јовановски-Џафер и „Зијан“.

    „Меморија“ ќе ја има честа да биде последна група која ќе свири во „Метрополис арена“, имајќи предвид дека е најавено уривање на Скопски саем во наредните шест месеци.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира