МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД ПЕРСЕИДИ ГО ДОСТИГНА СВОЈОТ ВРВ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    МЕТЕОРСКИОТ ДОЖД ПЕРСЕИДИ ГО ДОСТИГНА СВОЈОТ ВРВ (ФОТОГАЛЕРИЈА)Авион и метеор снимени над археолошкиот локалитет Стоби за време на небесниот феномен Персеиди (Фото: Ѓ. Личовски)

    Светот и Македонија овие денови уживаат во врвот на метеорскиот дожд Персеиди, небесен спектакл што оваа година трае од 25 јули до 18 август.

    Убавата глетка ја надополнува фактот што Месечината е сè уште далеку од својата полна фаза, со што небото е доста мрачно и метеорите се лесно видливи.

    Персеидите се случуваат кога Земјата поминува низ ситни остатоци што зад себе ги остава древната комета Свифт-Татл, а за да се набљудува феноменот, мора да се отиде надвор од населено место.

    Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира