МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ГО РЕЖИРАШЕ СПОТОТ ЗА 30 ГОДИНИ „ДАЈНЕРС“

    МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ГО РЕЖИРАШЕ СПОТОТ ЗА 30 ГОДИНИ „ДАЈНЕРС“Милчо Манчевски со актерите Ана Стојановска и Никола Ристески на промоцијата во Скопје (Фото: К.Попов)

    Милчо Манчевски е режисер на спотот „Afterparty“ во кој глумат актерите Ана Стојановска и Никола Ристески, кои се во главните улоги во филмот на Манчевски од 2019, „Врба“.

    Спотот е дел од рекламната кампања на „Дајнерс“, по повод 30 години од основањето. Снимен е  во годината кога се одбележуваат 30 години од култниот филм „Пред дождот“, а се поклопува и со јубилејот на компанијата.

    „Предизвикот беше да се направи нешто што се вклопува со постоечкиот имиџ на ‘Дајнерс’ и се надевам дека овој спот ќе функционира како посебно парче, се надевам уметничко. Благодарност до актерите Ана и Никола кои глумат во спотот“, рече Манчевски на промоцијата во Скопје.

    Во спотот, актерите се на приватна забава до рано наутро. На крајот, карактеристично за скопскиот ноќен живот, тие јадат бурек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира