МЛАД АМЕРИКАНЕЦ ЗАГИНА ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ СО СКИИ ДА ПРЕСКОКНЕ АВТОПАТ ВО КОЛОРАДО

    МЛАД АМЕРИКАНЕЦ ЗАГИНА ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ СО СКИИ ДА ПРЕСКОКНЕ АВТОПАТ ВО КОЛОРАДОДалас Лебо загинал откако паднал на тротоарот покрај автопатот широк 12 метри (Фото: социјални мрежи)

    Дваесет и едногодишен маж загина откако се обидел со скии да прескокне автопат во американската сојузна држава Колорадо. Властите кажаа дека Далас Лебо загинал откако не успеал да ја прескокне целата широчина на автопатот од 12 метри, па паднал на тротоарот.

    Лебо бил во бессознание кога го пронашле и бил прогласен за мртов на самото место.

    „Првичната истрага покажа дека жртвата се обидела да изведе високоризичка скијачка акробација и да ја прескокне широчината на автопатот. За жал, тој ги немал потребните брзина и дистанца за тоа, па паднал на тротоарот. Не го спасило ни тоа што носел шлем и друга заштитна опрема“, кажаа од канцеларијата на шерифот на Гренд Каунти.

    Пријател на Лебо кажа дека тој скијал цел живот и зад себе имал историја на изведување ризични акробации на скии.

    „Тој сакаше да направи работи што никогаш никој не ги направил“, изјави Девин Ширк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира