МНОГУ НАПРАВИВМЕ ЗАЕДНО И ЗАТОА ПОРАСНАА СТАНДАРДИТЕ, РЕЧЕ АМБАСАДОРКАТА ГАЛОВЕЈ НА РОДЕНДЕНОТ НА БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    МНОГУ НАПРАВИВМЕ ЗАЕДНО И ЗАТОА ПОРАСНАА СТАНДАРДИТЕ, РЕЧЕ АМБАСАДОРКАТА ГАЛОВЕЈ НА РОДЕНДЕНОТ НА БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)„Со задоволство можам да соопштам дека британскиот Парламент го почна процесот на ратификација за пристап на Северна Македонија во НАТО“, рече амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј на синоќешниот прием во чест на 93. роденден на британската кралица Елизабета Втора (Фото: К. Попов)

    Работиме заедно на владеење на правото, закајнување на капацитетите и ефикасноста на институциите, на образованието, екологијата, културата, рече амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј на синоќешниот прием во чест на 93. роденден на британската кралица Елизабета Втора.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи, министрите Никола Димитров и Радмила Шеќеринска, амбасадори, преставници од опозицијата, бизнисмени, режисери, новинари, претставници на невладиниот сектор беа меѓу гостите кои ја исполнија терасата на Музејот на современа уметност (МСУ).

    Министреот за надворошени работи Никола Димитров со амбасадорката Галовеј и нејзината ќерка (Фото: К. Попов)

    „Од минатиот роденден до денес, многу работи се случија. Во Северна Македонија дојде нашата премиерка Тереза Меј, а премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров присуствуваа во Лондон на самиот за Западен Балкан. Нашиот министер за Европа дојде пред реферeндумот лани во септември, а нѐпосетија и принцот Едвард и војводата од Кент. Голем дел од сета таа работа можете да ја видите вечерва. Со задоволство можам да соопштам дека британскиот Парламент го почна процесот за ратификација на пристапот на северна Македонија во НАТО“, рече амбасадорката Галовеј.

    Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска (Фото: К. Попов)

    „Уживајте во забавата, која годинава е посветена на еднократна употреба на пластика. Стандардите се високи. Нашите  гости Софија и Влатко, кои лани се запознале на роденденот на кралицата, годнава се венчаа. Да видиме што може да постигнеме оваа година“, рече Галовеј.

    Евроамбасадорот Самуел Жбогар (Фото: К. Попов)

     

    Претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (Фото: К. Попов)

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира