Новата мобилна апликација my newz овозможува да се следат најновите вести од преку 250 македонски извори, при што сами можете да ги изберете омилените медиуми и категории.
My newz овозможува:
• да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно.
• да не губите време со вестите што не ве интересираат.
• да не прелистувате реклами.
• да бидете главен и одговорен уредник на вашите вести.
• да креирате сопствени категории спoред вашите интереси.
• да ги сочувате вестите и да ги прочитате подоцна.
• да не сте изложени на лажни вести.
Со само неколку клика корисниците создаваат персонализиран е-весник и во него секојдневно ќе ги следат информациите од категориите и изворите што сами ќе ги одберат.
Апликацијата my newz е развиена со помош и поддршка од програмата за кофинансирање на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Засега може да се преземе од PlayStore, додека iOS верзијата ќе биде достапна до средината на февруари.