Шведски модел вели дека добивала закани за силување поради тоа што постирала реклама со влакнести нозе.
Аврида Бистром (26) која исто така е и фотограф и дигитален уметник, се појавува во видео каде што се рекламираат патики. Бристом која вели дека тоа што жените мора да се бричат е многу заебана работа, по објавувањето на последната реклама се соочила со многу злобни реакции.
Многу луѓе ја бомбардирале со лоши коментари под незиното видео постирано на јутјуб. Еден коментар бил: „Зарем и ова е жена? Не. Благодарам“. Друг напишал: „Престани да си ги миеш забите и да си го бришеш газот ти ретардирана феминацистко “.
Но Бистром добила и поддршка. Еден искоментирал: „Фала што ни покажуваш како изгледа една обична жена и што навистина е феминизмот“.
Бристом е позната по тоа што ја предизвикува перцепцијата за феминизмот. Таа често позира покажувајќи си ги влакната по телото, а има и слики каде што позира не криејќи си го целулитот. Користи розова боја како позадина во знак на феминизам. Со нејзината другарка која а дигитален уметник Моли Сода, Бистром објавила книга „Сликај се, инаку не се случило“ која содржи 270 слики што биле цензурирани на инстаграм. Сликите главно биле од женски брадавици и влакна по телото.