МОНА ЛИЗА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕМЕСТЕНА ВО СОПСТВЕНА СОБА ВО ЛУВР

    МОНА ЛИЗА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕМЕСТЕНА ВО СОПСТВЕНА СОБА ВО ЛУВР20.000 луѓе дневно доаѓаат да ја видат Мона Лиза, често правејќи селфија пред сликата на Леонардо да Винчи. (Фото: СДК.МК)

    Мона Лиза, најпознатиот портрет на светот, може да добие посебна соба во парискиот музеј Лувр, кажа претседателот на музејот Лоран де Кар.
    Таквиот потег би овозможил поубаво искуство за посетителите, многу од кои доаѓаат во Лувр само за да ја видат Мона Лиза, според претседателот на музејот.

    Лувр, најпопуларниот музеј во светот, имаше речиси 9 милиони посетители во 2023 година. Де Кар вели дека 80 отсто од нив, што е околу 20.000 луѓе дневно, ја виделе Мона Лиза, често правејќи селфија пред сликата на Леонардо да Винчи.

    Мона Лиза е закачена во најголемата соба во музејот, но таму има и други слики.

    Во јануари, Мона Лиза беше нападната од климатски активисти, кои фрлија супа врз ремек делото. Сликата е покриена со стакло отпорно на куршуми и помина без штета.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира