МУГАБЕ ГО ПРЕСПА ГОВОРОТ НА ТРАМП ВО ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

    МУГАБЕ ГО ПРЕСПА ГОВОРОТ НА ТРАМП ВО ОБЕДИНЕТИ НАЦИИЗимбабве не го интересираат проблемите на САД. - Роберт Мугабе (Фото: Ројтерс)

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со уништување на некои режими во својот 41-минутен говор во Обединети нации, но неговата жестока воинствена реторика не допре до сите.

    Роберт Мугабе, 90-годишниот лидер на Зимбабве, бил снимен како спие, додека Трамп го држеше својот говор, но и неговите соработници не покажаа преголем интерес за проблемите на САД.

    Мугабе е најдолговечниот претседател на една држава во светот, а следната година го очекуваат нови избори.

    Тој бил фатен во слична поза и на годинашниот Светски економски форум во Јужна Африка, кога портпаролот Џорџ Чарамба појасни дека неговиот газда не спиел, туку само ги штител очите од силното осветлување.

    Мугабе редовно одел на прегледи во Сингапур, но од владата велат дека тој нема здравствени проблеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира