МУЗЕЈОТ „АЛКАЛОИД“ Е ПОТСЕТНИК КАДЕ БЕВМЕ И КАДЕ ТРЕБА ДА ОДИМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ МУКАЕТОВ

    МУЗЕЈОТ „АЛКАЛОИД“ Е ПОТСЕТНИК КАДЕ БЕВМЕ И КАДЕ ТРЕБА ДА ОДИМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ МУКАЕТОВ„Особено ми е драго што по кратка, принудна пауза повторно се собравме во импозантен број од над четири илјади присутни на нашиот хуманитарен хепенинг, донирајќи ѝ ги собраните парични средства на организацијата СОС Детско село“, вели Мукаетов. (Фото: Принтскрин од видео)

    Минатиот јануари холивудската актерка Дениз Ричардс пиеше чај „Good Nature“ во новата сезона на серијата „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“,  а во февруари „Алкалоид“ го доби првиот меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот „омепразол“, се дел од успесите на компанијата, за кои говори генералниот директор и претседател на Управниот одбор Живко Мукаетов во новогодишното обраќање до вработените.

    Во март беше пуштен во употреба нивниот голем капитален инвестициски проект „Таблетно 2“, вреден 19,4 милиони евра.

    „Прославивме триесет години од основањето на данскиот конзулат, чие седиште е во просториите на компанијата. Регистриравме ново друштво во Казахстан. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја. Особено ми е драго што по кратка, принудна пауза, повторно се собравме во импозантен број од над четири илјади присутни на нашиот хуманитарен хепенинг, донирајќи ѝ ги собраните парични средства на организацијата СОС Детско село. „Алкалоид“ во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива. А како потсетник за тоа од каде сме тргнале, каде сме денес и каде треба да се движиме во иднина е Музејот на ‘Алкалоид’, кој го отворивме годинава. Овој простор содржи бројни драги спомени и значајни моменти од етапниот осумдесет и осум-годишен развој на една успешна македонска приказна“, вели Мукаетов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира