МУЗИЧАРОТ ФАРЕЛ ВИЛИЈАМС СТАНА НОВ КРЕАТИВЕН ДИРЕКТОР ЗА МАШКА ОБЛЕКА НА „ЛУЈ ВИТОН“

    МУЗИЧАРОТ ФАРЕЛ ВИЛИЈАМС СТАНА НОВ КРЕАТИВЕН ДИРЕКТОР ЗА МАШКА ОБЛЕКА НА „ЛУЈ ВИТОН“Првата колекција под водство на Вилијамс ќе биде претставена на Модната недела во Париз во јуни (Фото: АП)

    Францускиот моден бренд „Луј Витон“ го избра наградуваниот американски музичар и продуцент Фарел Вилијамс за нов креативен директор за машка облека.

    Вилијамс е визионер чиј креативен универзум се шири од музиката кон уметноста и модата“, објави „Луј Витон“.

    Тој доаѓа на местото на Вирџил Абло, кој почина во 2021 година. Првата колекција под водство на Вилијамс ќе биде претставена на Неделата на машка мода во Париз во јуни.

    Со задоволство му посакуваме добредојде дома на Фарел, по нашите соработки во 2004 и 2008. Не се сомневаме дека неговата креативна визија ќе го внесе брендот во ново, возбудливо поглавје“, изјави претседателот на „Луј Витон“, Пјетро Бекари.

    Вилијамс има освоено 13 Греми награди и е еден од основачите на брендот за улична мода „Билионер бојс клаб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира