НОВИ РЕТКИ БОЛЕСТИ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ СО ЧЕТВРТАТА ГОДИШНА КАМПАЊА ВО ФЕВРУАРИ

    НОВИ РЕТКИ БОЛЕСТИ ЌЕ СЕ ПРЕТСТАВАТ СО ЧЕТВРТАТА ГОДИШНА КАМПАЊА ВО ФЕВРУАРИ

    Гордана Лолеска, „Супер радио“ и здруженијата „Ретко е да си редок“ и „Живот со предизвици“ и оваа, четврта година по ред ќе ја запознаваат јавноста со ретките болести во Македонија, кревајќи го гласот за проблемите со кои се среќаваат лицата со ретки болести, но и нивните семејства.

    Со четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ се заокружуваат 111 обработени дијагнози, со цел подобро запознавање на јавноста со ретките болести.

    „Преку соодветни текстови и видео и аудиозаписи, и годинава од 1 февруари ќе се запознаваме со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно-едукативен карактер на кој работат видни професори и доктори од целата држава. Кампањата за Денот на ретките болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се приклучи. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата на ретки болести“, вели Лолеска во најавата на годинашниот проект.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира