НА ЕЗЕРСКОТО ДНО КАЈ СТРУГА ЛЕЖАТ БРОТЧИЊА СТАРИ 132 ГОДИНИ

    НА ЕЗЕРСКОТО ДНО КАЈ СТРУГА ЛЕЖАТ БРОТЧИЊА СТАРИ 132 ГОДИНИАрхеолозите велат дека станува збор за германски бротчиња кои превезувале жито и други земјоделски производи од Струга кон Албанија. (Фото: Акватек)

    На дното од Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, лежат неколку бротчиња стари 132 години. Охридските нуркачи од подводниот центар „Акватек“ снимија подводни фотографии од овие пловила за кои никој не е заинтересиран да ги реконструира и да ги претстави пред јавноста.

    Овие бротчиња, според археологот и нуркач Никола Паскали, се произведени во 1887.

    Првите остатоци на потонати бротчиња на дното на струшкиот брег беа откриени уште пред повеќе од една деценија. Тогаш археолозите кажаа дека станува збор за германски бротчиња кои превезувале жито и други земјоделски производи од Струга кон Албанија.

    На некои од нив беа втиснати и имиња, како и името на компанијата кај која биле осигурани. Како потонале, нема податоци.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари