Тинејџерската ѕвезда Селена Гомез откри дека ѝ бил трансплатиран бубрег поради нејзиниот лупус.
Болеста лупус е нарушување на имунолошкиот систем што многу често предизвкува воспаление на кожата и болки во зглобовите. Во најлош случај може да се оштетат срцето и бубрезите.
На пост на Инстаграм, пејачката објави дека нејзината другарка Франча Раиса ѝ донирала бубрег и им објасни на фановите зошто во последно време ја немало во јавноста.
Гомез ја немаше ниту на социјалните мрежи, затоа што морала да се бори со панични напади, вознемиреност и депресија. Таа кажа дека нејзините ментални проблеми биле последица од нејзиниот лупус.