НА ТУРИСТИ ВО ИТАЛИЈА ИМ НАПЛАТИЛЕ ДВЕ ЕВРА ЗА ДА ИМ ГО ПРЕСЕЧАТ ТОСТОТ НА ПОЛА

    НА ТУРИСТИ ВО ИТАЛИЈА ИМ НАПЛАТИЛЕ ДВЕ ЕВРА ЗА ДА ИМ ГО ПРЕСЕЧАТ ТОСТОТ НА ПОЛАНеверојатно, но вистинито, вели муштеријата кој објави фотографија од фискалната сметка. (Фото: Трипадвајзор)

    Туристи во италијанското гратче Џера Ларио платиле две евра за да им го пресечат тостот на пола. Случката е од крајот на јуни, а муштеријата објавил фотографија од фискалната сметка на „Трипадвајзор“ и потоа станала вирална на социјалните мрежи.

    „Тостот секако го служат пресечен на две половини. Ние бевме двајца и нарачавме тост што ќе го јадеме на маса за двајца. Но, мора ли да доплатиме за да ни го поделат тостот. Неверојатно, но вистинито“, напиша муштеријата.

    Локален медиум од провинцијата Комо, каде што се наоѓа гратчето, го пронашла сопственикот на угостителскиот објект.

    „Ако муштеријата побара да му направам две порции од тостот, јас морам да искористам два соса, две салветки и да одам до масата користејќи ги двете раце. Вистина е дека муштеријата е секогаш во право, но, исто така, вистина е дека дополнителните барања чинат пари“, вели сопственикот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира