НАГРАДА ОД 25 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА БАЈКА – ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА „СОВРЕМЕНИ БАЈКИ ОД МАКЕДОНИЈА“ НА „БРАВО СИНЕ!“ И „АРС ЛАМИНА“

    НАГРАДА ОД 25 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА ЕДНА БАЈКА – ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА „СОВРЕМЕНИ БАЈКИ ОД МАКЕДОНИЈА“ НА „БРАВО СИНЕ!“ И „АРС ЛАМИНА“„Поддршката на креативците е нашата основна мисија и навистина сме горди што во изминатиот период во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, реализиравме навистина успешни проекти“, - Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето посветено на нејзиниот починат сопруг со нивната ќерка Вера на претставувањето на проектот. (фото: Имиџ ПР)

    Во тек е конкурсот за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ . Конкурсот трае до 17 август.

    Според условите на конкурсот, авторите треба да испратат текст во должина од најмногу 6.500 карактери или 1.200 зборови што одговараат на 3,5 страници во „Ворд“ (MS Word). Авторите треба да имаат предвид дека победничките бајки ќе се илустрираат, така што текстот треба да биде соодветен за натамошна креативна илустрација. Заинтересираните автори можат да конкурираат со своја автентична бајка или, пак, со креативна адаптација и прераскажување на бајки од фолклорната традиција. Пристигнатите бајки на овој конкурс, не смеат да бидат претходно објавувани.

    Сите заинтересирани автори треба да ги испратат своите бајки на адресата [email protected], најдоцна до 17 август 2020 година, а конкурсот може да се најде на www.bravosine.mk,  www.arslamina.com и www.literatura.mk.

    Поединечната награда за откуп на авторските права на една бајка ќе изнесува 25.000 денари. По завршување на конкурсот сите пристигнати текстови ќе бидат оценети, а до крајот на септември 2020 ќе бидат објавени избраните бајки.

    Новиот конкурс е дел од проектот „Современи бајки од Македонија“, што го реализираат Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Целта на овој проект е креирање на можности за авторите кои сакаат да пишуваат литература за деца и млади.

    Движењето и издавачот досега работеа на изданијата „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“, кои беа инспирирани од македонското народно творештво, адаптирано на нов современ стил со автентични авторски илустрации.

    „ Поддршката на креативците е нашата основна мисија и навистина сме горди што во изминатиот период во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, реализиравме навистина успешни проекти. Но, уште поголемо задоволство ни преставува фактот што со нашата поддршка им дадовме можност на млади креативни авотори, кои денес се веќе признати професионалци во својата област“, вели Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“

    Движењето е основано во спомен на Иво Лауренчиќ, експерт за маркетинг кој почина на 13 мај 2013 година.
    Едицијата „Бајки од Македонија“ е преведена е на неколку светски јазици, а отпечатено е и издание со Брајово писмо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира