НАЈДОЛГИОТ НЕПРЕКИНАТ ЛЕТ ПРИСТИГНА ВО ЊУЈОРК ПО 17 ЧАСА И 52 МИНУТИ

    НАЈДОЛГИОТ НЕПРЕКИНАТ ЛЕТ ПРИСТИГНА ВО ЊУЈОРК ПО 17 ЧАСА И 52 МИНУТИЗа летот од Сингапур до Њујорк бил користен авион од типот „ербас А350-900 УЛР“ (Фото: Ербас)

    Најдолгиот непрекинат комерцијален лет успешно беше комплетиран во Њујорк, завршувајќи го патувањето од Сингапур, при што повеќе од 15.000 километри беа поминати за 17 часа и 52 минути.

    „Сингапур ерлајнс“ повторно ја воведе оваа услуга по пет години, откако ја прекина затоа што стана прескапа.

    Авионот од типот „ербас А350-900 УЛР“ пристигнал во пет часот и 29 минути по источноамериканското време, превезувајќи 150 патници и 17 членови на екипажот.

    „Летот помина мазно и без проблеми. Сите во авионот заклучивме дека воопшто не ни се чинеше дека сме патувале речиси 18 часови“, изјави Џефри Томас, уредникот на сајтот „Ерлајнрејтингс“.

    Во почетокот на годината, „Квантас“ воведе 17-часовни летови од Перт до Лондон, додека „Катар ерлајнс“ има линии од Окленд до Доха во времетраење од 17,5 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира